LukaS

НАШАТА ИСТОРИЈА

Дознајте за нашите почетоци, нашето развивање како компанија, за поделбата на две компании и за најновиот правец - Интернационален транспорт на починати лица.

1994

Дознај повеќе за

НАШИТЕ ПОЧЕТОЦИ

Почетоците на нашата фирма „Лукас Продукт“ формирана во Струмица датира уште од 1994 година, но како Марјан-С. Првично почнавме како фирма која врши погребни услуги само во регионот (Струмица и струмичко), а бидејќи се работи за семеен бизнис почнавме да изработуваме погребна опрема само за потребите на нашата фирма.

1999

Во наредните години

ПОСТОЈАНО РАСТЕВМЕ

По неколку години, со голем труд, макотрпна работа, маки, желба за поголем успех и визија, отворивме мал погон и нова фирма „Стоилков Продукт“ само за изработка на погребна опрема. Фирмата почна со 4 вработени и изработувавме погребна опрема за неколку погребни служби во Р.Македонија, бидејќи во тој момент толку ни дозволуваа условите во кои работевме, но постепено се примаа работници, се надополнувавме со нови машини и алати за работа.

2001

Од компанија со 4 вработени

ВО ИМЕ НА НАЦИОНАЛНО НИВО

Производството почна постепено да се зголемува, погребните служби за кој почнавме да изработуваме погребна опрема од преголемо задоволство на квалитетната изработка и од нашиот коректен однос, со пофални зборови не препорачуваа и низ други погребни служби во државата со што сега можеме не себично да кажеме дека за поголем дел од пазарот во Р.С.Македонија изработуваме погребна опрема.

2013

Поделена на двајца браќа

ДВЕ ПОГРЕБНИ КОМПАНИИ

Откако и ние формиравме наши семејства, родителите одлучија да не поделат и целосно да ни ја препуштат работата што тие ја започнале. „Марјан – С Погребен Сервис“ го наследи брат ми, кој сеуште ги извршува погребните услуги во Струмица и Струмичко, а мене ми припадна изработката на погребната опрема за која формирав ново/стара фирма „Стоилков Продукт“.

2014

Почетоците како млад сопственик

СТОИЛКОВ ПРОДУКТ

Стоилков Продукт е формирана во 2014 година, откако ми ја препишаа родителите и јас станав управител и директор на истата. Почнав и ја наследив фирмата со 5-6 вработени, кој што изработуваа погребна опрема за потребите на Марјан – С Погребен Сервис и за уште десеттина други погребни служби во Македонија. Јас како млад претприемач кој имав искуство во работата, благодарејќи на моите родители, почнав да посетувам саеми за погребна опрема, да посетувам многу поголеми фабрики и фирми за изработка на погребна опрема надвор од државата, се со цел за поголем успех во работата.

2020

25 вработени

Стоилков Продукт Денес

Стоилков Продукт денес е распространет на 7.000 м2 земјиште и фабрика од 1.500 м2, со моментално 25 вработени лица. Успешниот раст на Стоилков Продукт беше одлична инспирација и темел за нов почеток во еден нов правец - интернационален транспорт на нашинци низ цела Европа.

2022

Нов правец

ЛУКАС ТРАНСПОРТ

Со текот на работата, искуството и комуникацијата со останатите погребни служби во Македонија, увидов и дојдов до идеја да отворам уште една фирма која ќе се занимава исклучиво со интернационален транспорт на починати лица, кој ќе го врши интернационалниот транспорт на починати лица за потребите на останатите погребни служби во Македонија - ЛукаС Транспорт.

mk_MKMacedonian